Букурешт: НАТО ја одлага поканата за Македонија

Лидерите на државите членки на НАТО не успеаја да постигнат согласност за покана на Македонија, откако Грција изјави дека се уште не е решен спорот за името, соопшти европски дипломат за агенцијата „Ројтерс“. „Поканата ќе биде одложена“, изјави дипломатот, коментирајќи го резултатот од разговорите на 26-те лидери вечерва.