Лондон: Велика Британија го одложи повлекувањето на 1,500 војници од Ирак

Велика Британија ќе ги одложи плановите за повлекување на илјада и 500 војници од Ирак, поради обновените насилства во јужниот дел на земјата. Секретарот за одбрана Дес Браун изјави во Парламентот дека би требало британските сили да останат на сегашното ниво од 4000 војници.