Москва: Русија нема да дозволи Косово да стане членка на ОН

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва нема да дозволи Косово да стане член на Обединетите Нации. Зборувајки во руската Дума, Лавров истакна и дека Русија и натаму ќе соработува со Белград и со другите држави кои се на мислење дека со прогласувањето и признавањето на косовската независност се крши меѓународното право.