Букурешт: Германскиот канцелар Меркел телефонски разговараше со Груевски и Караманлис

Германскиот канцелар Ангела Меркел синоќа телефонски разговараше со премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Костас Караманлис и ги повика да се обидат да најдат решение за спорот, поттикнувајќи ги во Букурешт да влезат во директни преговори. Висок претставник на германската Влада изјави дека Владата во Берлин ја поддржува Македонија да добие покана за членство во НАТО, заедно со Хрватска и Албанија на самитот на Алијансата во Букурешт. Тој додаде дека би била погрешна порака за регионот ако не се поканат заедно трите земји.