Тбилиси: Грузија подготвена да испрати 500 војници како поддршка на НАТО во Авганистан

Како подршка за НАТО, Грузија е спремна да испрати 500 војници во Авганистан изјави грузискиот министер за надворешни работи Давид Бакраѕе. Тој исто така додаде дека војниците во Авганистан би можеле да ги распоредат до крајот на летото или на почетокот на есента годинава. Инаку Грузија на годинашниот самит на НАТО во Букурешт очекува да добие акционен план за членство во Алијансата.