Тајланд: Состанок на научници за климатските промени

Научници и функционери од целиот свет се состануваат во Тајланд на први официјални разговори во долгиот процес на зацртување на целите за спречување на климатските промени кои би требало да ги заменат досегашните наведени во Договорот од Кјото. Сите влади се согласуваат дека треба да биде намалено емитувањето на штетни гасови во атмосферата со цел да се спречи еколошката катастрофа на Планетата.