Багдад: Гранатирана Зелената зона, нема извештаи за жртви

Денеска во Багдад била ракетирана таканаречената Зелена зона во која се сместени странските амбасади, јавуваат агенциите, додавајќи дека не добиле извештаи за евентуални жртви. До ова дојде откако ирачките сили најавија дека ќе го укинат полицискиот час во градот. Претходно, шиитскиот верски лидер Моктада Ал Садр им наредил на неговите приврзаници да ги запрат борбите против владините сили во кои во изминативе неколку дена загинаа повеќе од двесте и четириест луѓе. Премиерот Нури ал Малики ја поздрави оваа одлука на ал Садр.