Брисел: НАТО ја повика Русија да го почитува договорот за конвенционалните сили во Европа

НАТО ја повика Русија да го обнови почитувањето на договорот за конвенционалните сили во Европа. Во синоќа објавеното соопштение се вели и дека Русија треба да ги оствари најавите за опвлекување на своите сили од сепаратистичките региони во Грузија и Молдавија.