Крањ: Попладне започнува неформалниот самит на министрите за надворешни работи на ЕУ

На Брдо кај Крањ попладне започнува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој ќе присуствуваат и шефови на дипломатиите на државите од земјите од Западен Балкан. Освен нив, на средбата ќе присуствуваат и претставниците на Унијата во регионот: Питер Фејт за Косово, Мирослав Лајчак за Босна и Ерван Фуере за Македонија. Првиот ден од состанокот е посветен на ситуацијата на Блискиот Исток и Сирија, но и на односите меѓу Унијата и Русија. Утре ќе се разговара за европската перспектива на Западниот Балкан и за ситуацијата во регионот по прогласувањето на независноста на Косово.