Багдад: Ирачкиот премиер Нури ал Малики го продолжи ултиматумот до милитантите за десет дена

Ирачкиот премиер Нури ал Малики го продолжи за десет дена ултиматумот до шиитските милитанти да го предадат нивното оружје. Тие што до осми април ќе го сторат тоа ќе добијат финансиска награда, најави Малики во рамките на операцијата што ирачките сили веќе неколку дена ја водат во Басра против вооружените групи на шиитскиот весрки лидер Мокадата ал Садр. Борбите, како што јавуваат агенциите, веќе се прошириле и во други ирачки градови, меѓу нив и Багдад каде што е воведен полициски час.