Лондон: Русија да не го искористува НАТО самитот за закани до Западот, рече Јап де Хоп Схефер

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер во интервју за Фајненшал Тајмс изразува надеж дека рускиот претседател Владимир Путин нема да го искористи претстојниот самит на НАТО во Букурешт за да му се заканува на Запад. Тензиите меѓу двете страни се интензивираа откако Москва го предупреди НАТО да не им нуди можност на Украина и на Грузија да и се приближат на Алијансата.