Вашингтон: Прогрес во американско-руските преговори за антиракетниот штит

Американските преговарачи оценија дека имало прогрес во разговорите со Русија, но оти се уште не бил постигнат договор околу американскит план за изградба на антиракетен систем во Полска и Чешка. Потсекретарите на Стејт Департментот Даниел Фрид и Џон Руд по дводневните разговори во Вашингтон со помошник шефот на руската дипломатија Сергеј Кислијак изјавија дека се уште треба да се решат уште неколку отворени прашања во врска со антиракетниот штит.