Атина: Сложено име за Македонија и за домашна употреба решение за спорот, изјава на Караманлис

Грчкиот премиер Костас Караманлис изјави денеска дека решението за спорот меѓу Атина и Скопје треба да биде сложено име за северниот сосед, што ќе се употребува во билатералните односи, на меѓународен план, но и за домашна употреба. Караманлис, во обраќањето во грчкиот парламент уште еднаш повтори дека без взаемно прифатливо решение за името, нема да биде отворен патот за Скопје кон НАТО. Не се доволни изјави дека е постигнат договор, туку е неопходно решение кое ќе го има печатот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, додаде Караманлис.