Басра: Ултиматум од ирачкиот премиер до шиитските милитанти

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики ги предупреди шиитските милитанти во Басра дека доколку до утре не го предадат оружјето, ќе се соочат со остри мерки од владините безбедносни сили. Во меѓувреме, во Басра трет ден продолжуваат борбите меѓу ирачките сили и приврзаниците на верскиот лидер Моктада Ал Садр, во кои досега загинале над 40 луѓе. Денеска бил разнесе и еден од главните нафтоводи во јужен Ирак, по што цената на нафтата на берзите веднаш достигна над 107 долари за барел.