Белград: Србија треба да ги тужи сите земји што го признаа Косово, рече Коштуница

Србија не треба мирно да го прифаќа диктатот на меѓународната заедница, туку треба да ги тужи сите земји што ја признаа „еднострано прогласената независност“ на Косово, изјави српскиот премиер Воислав Коштуница. Не треба да војуваме, туку да водиме судски процеси, изјави Коштуница, додавајќи дека во таков случај некои од држaвите кои веќе го признаа Косово „во еден момент ќе ја променат одлуката“.