Белград: Српскиот премиер Коштуница изјави дека не е за прекинување на соработката со ЕУ

Српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека не е за прекинување на соработката со Европската унија, но повтори дека Србија не би требало да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација, се додека Брисел не одговори дали ја признава Србија во нејзините постоечки граници. Тој во интервју за Српската телевизија додаде дека вонредните избори биле распишани, бидејќи на Србија, по еднострано прогласената независност на Косово, и е потребна стабилна влада која има единствена политика кон Косово.