Басра: Жестоки судири меѓу ирачките безбедносни сили и вооржените групи на Моктада ал Садр

Во јужниот ирачки град Басра денеска избувнале жестоки борби меѓу ирачките безбедносни сили и вооружени групи лојални на радикалниот верски лидер Моктада ал Садр. Ирачките сили потврдија дека изутрината почнале операција против Ал Махди армијата на имамот Ал Садр. Агенциите јавуваат дека операцијата, во која не учествуваат британски војници, лично ја следел и ирачкиот премиер Нури Ал.