Сараево: Одвојувањето на Република Српска од Босна ќе биде загрозување на Дејтонскиот Договор

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Мирослав Лајчак изјави дека секој чин насочен кон одвојување на Република Српска од Босна ќе го смета за загрозување на Дејтонскиот договор, а иницијаторите на таквите акти ќе сносат последици. Изјавата на Лајчак е реакција на најавата дека на дваесет и седми овој месец ќе се одржи протестен митинг на кој ќе биде побарано од Собранието на Република Српска да прогласи самостојност на тој ентитет, односно одвојување од Босна.