Косовска Митровица: И денеска протести на 150 Срби поранешни вработени во правосудството

Околу 150 поранешни вработени во правосудството, од српска националност, денеска повторно протестираа пред Окружниот и Општинскиот суд во Косовска Митровица, со барање да бидат вратени на работните места. По околу 2 часа тие мирно се разотишле, но најавија секојдневно собирање.