Ерусалим: Хамас со поддршка од Сирија и Иран го минира израелско-палестинскиот дијалог, изјави Чејни

Американскиот потпретседател Дик Чејни денеска во Ерусалим разговараше со израелскиот премиер Ехуд Олмерт, по што изјави дека Хамас, со подршка од Сирија и Иран, го минира израелско – палестинскиот дијалог. Вчера Чејни, по разговорите со палестинските лидери во Рамала, оцени дека за постигнување израелско – палестински договор ќе бидат потребни болни концесии и од двете страни.