Пекинг: 19 загинати и 600 повредени во нередите во Тибет

Кина соопшти дека бројот на загинатите во анти владините протести на Тибет е 19 лица и 600 повредени. Според невладини извори пак околу 100 лица загинале во немирите во Ласа. Тибетанците веруваат дека има загинати и во Сечуан каде припадници на овој народ исто така одржаа протести.