Белград: Владата на Србија му предложи на УНМИК договор за функционално раздвојување на Косово

Владата на Србија му предложила на УНМИК договор за функционално раздвојување на Србите и косовските Албанци на цела територија на Косово а не само на северот, изјави српскиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ. Според Самарџиќ, предлогот е дел од Акциониот план на Владата на Србија кој стапи на сила по едностраното прогласување независност на 17 февруари.