Никозија: Средба на лидерите на кипарските грци и турци

Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Мехмет али Талат се сретнаа денеска во тампон зоната во близина на Никозија во обид да ги обноват преговорите за обединување на островот. Преговарачкиот процес во Кипар беше прекинат пред четири години кога кипарските Грци го одбија планот на Обединетите нации што пак, беше прифатен од кипарските Турци. Кипар е поделен од седумдесет и четврта година кога Турција испрати воени трупи во северниот дел на островот, по чекорот што го презедоа кипарските Грци за припојување кон Грција.