Москва: Сергеј Лавров го предупреди Западот да не им гарантира членство во НАТО на Грузија и Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го предупреди Западот да не им гарантира членство во НАТО на Грузија и Украина. Лавров прецизираше дека таквиот потег сериозно ќе ги наруши односите меѓу Москва и Вашингтон. На претстојниот самит во Букурешт се очекува сојузниците да разговараат дали да ги почнат преговорите за членство со Грузија и Украина.