Белград: Борис Тадиќ со критики за одлуката на Џорџ Буш за испорака на оружје на Косово

Претседателот на Србија Борис Тадиќ оцени дека одлуката на американскиот претседател Џорџ Буш за испорака на оружје на Косово е ,,лоша вест“ и дека администрацијата на Соединетите држави требала да се воздржи од донесување на таква одлука. Рускиот претставник во НАТО Димитриј Рогозин изјави дека Москва бара итен состанок на Советот на Алијансата поради американската одлука за испраќање на оружје на Косово.