Никозија: Средба на лидерите на кипарските грци и турци

Новиот претседател на кипарските грци Димитрис Христофиас денеска треба да се сретне со лидерот на кипарските турци Мехмет Али Талат во обид за обновување на преговорите за соединување на поделениот остров. Христофиас вчера испрати писмо до претставниците на 26 земји-членки на Европската унија во кое ги излага ставовите и насоките доколку дојде до обновување на преговорите.