Софија: Бугарија, Унгарија и Хрватска заеднички го признаа Косово

Бугарија, Унгарија и Хрватска во денешната заедничка изјава објавена истовремено во трите земји соопштија дека ја признаваат независноста на Косово. Се очекува Унгарија и Хрватска тоа и официјално да го сторат денеска, додека Бугарија утре. Во денешната изјава тие го изразуваат нивниот интерес за развивање на односите со Србија и бараат што поскорашно потпишување на Спогодбата за стабилизација и асоцијацаија меѓу Белград и Брисел.