Торонто: Канада го призна Косово

Канада вчера ја призна независноста на Косово прогласена минатиот месец, изјави министерот за надворешни работи Максим Берние. Веднаш по објавувањето на информацијата, Србија го повлече својот амабасадор од Отава. Независноста на Косово вчера беше призната и од Јапонија, и до сега вкупно 30 земји го сториле тоа.