Вашингтон: Пет години од почетокот на војната во Ирак

Денеска во Пентагон ќе биде одбележана петгодишнината од почетокот на војната во Ирак, а обраќање ќе има американскиот претседател Џорџ Буш. Во деловите на говорот што беа објавени од Белата куќа, Буш истакнува дека нема сомневање во врска со оваа војна, и покрај високата цена во човечки животи и пари. Тој нагласи дека успехот во Ирак е неспорен и оти евентуално повлекување на војската оттаму би го охрабрило Иран, а на Ал Каида би и овозможило пари за оружје за масовно уништување за напад врз САД.