Ерусалим: Меркел денеска ќе се обрати на израелскиот парламент

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска ќе има обраќање во израелскиот парламент, откако вчера, заедно со премиерот на Израел Ехуд Олмерт, во Ерусалим, одржаа заедничка седница на нивните кабинети. Двете страни договорија серија мерки за унапредување на германско – израелските односи.