Тибет: 80 лица загинале во петочните судири мегу властите и демонстрантите

Тибетската влада во егзил објави дека 80 лица загинале, а 72 биле повредени во петочните судири мегу кинеските авторитети и тибетанските протестанти.Ова го кажа портпаролот на самопрогласената влада во егзил базирана во Индија. Кина пак соопшти дека 10 лица биле убиени во судирите во кои тибетанците палеле згради и ги каменувале кинеските резиденции. Вчера тензиите беа смирени во тибетанскиот главен град Лхаса , каде беа подигнати мерките за безбедност.Западните земји изразија загриженост за судирите, а САД ја повикаа Кина да регира воздржано.