Ласа: Кинеските власти им поставија ултиматум на предизвикувачите на нередите во Тибет

Кинеските власти им поставија ултиматум на предизвикувачите на нередите во главниот град на Тибет Ласа да се предадат до понеделник на полноќ ветувајќи дека нивните казни ќе бидат поблаги. Агенцијата Хсинхуа наведува дека во нередите кои беа најголеми во изминативе дваесет години демонстрантите палеле училишта, болници, продавници и куќи и оти притоа убиле десетмина невини цивили. Кинеската државна телевизија за прв пат досега прикажа снимки од нередите во Ласа за кои Пекинг го обвинува духовниот лидер на тибетантските будисти Далај Лама кој е во егзил. Тоа веднаш е демантирано од неговиот портпарол.