Вашингтон: Белата куќа потврди дека Џорџ Буш ќе ја посети Хрватска по самитот на НАТО

Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател ќе ја посети Хрватска по учеството на самитот на НАТО во Букурешт од 2 до 4 април. Пред самитот на НАТО Џорџ Буш ќе ја посети и Украина, како и Романија, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Гордон Џондроу.