Приштина: Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер денеска во Косово

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер денеска ќе го посети Косово. Тоа ќе биде прва посета по објавувањето на независноста на Косово. За време на престојот Схфер ќе се сретне со претседателот и премиерот на Косово, Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи. Схефер ќе го посети и северниот дел на Косово и ќе се сретне со лидерите на српското малцинство.