Скопје: Централниот одбор на ДПА ја потврди одлуката за излегување од владата

Највисокиот партиски орган на ДПА, Централното собрание синока едногласно ја потврди одлуката на партиското раководство за напуштање на владината коалиција. Претседателот на ДПА Мендух Тачи рече дека нивната одлука е конечна и неотповиклива и оти нивните барања произлегуваат од Охридскиот договор. Во врска со поканата од НАТО и проблемот со името со Грција, Тачи нагласи дека се надева оти, како што рече, нашите поддржувачи ќе успеат да издејствуваат решение никој да не чепка во идентитетот.