Белград: Претседателот на Србија Борис Тадиќ го распушти Собранието

Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска го распушти српското Собрание и распиша вонредни парламентарни избори за единаесетти мај, соопшти прес службата на претседателот. ,,Изборите се демократски пат по кој граѓаните ќе кажат како треба да се развива Србија во годините што доаѓаат,, наведува Тадиќ. Владата на Србија во понеделникот му предложи на претседателот да го распушти Собранието и да распише вонредни избори. Владата тој предлог го образложи со фактот дека повеќе нема единствена и заедничка политика во земјата.