Брисел: Хрватска годината треба да ги заврши преговорите со ЕУ, изјави Баросо

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо денеска во Брисел изјави дека Хрватска би требало да ги заврши нејзините преговори за пристапување кон Европската Унија во наредната година. На заедничката прес конференција со хрватскиот премиер Иво Санадер, Баросо прецизира дека тоа би требало да се случи кон крајот на мандатот на овој состав на Европската комисија, односно наесен две илјади деветата година.