Мисисипи: Барак Обама победи на изборите во Мисисипи

Сенаторот Барак Обама победи на изборите за претседателски кандидат на Демократската партија во американската сојузна држава Мисисипи. Со тоа тој ја зголеми предноста пред сенаторката Хилари Клинтон, но сеуште му недостигаат гласови за и официјално да стане противкандидат на републиканецот Џон Меккејн.