Будимпешта: Унгарците ги отфрлија економските реформи на владата

Унгарците на вчерашниот референдум ги отфрлија економските реформи што ги предложи владата на премиерот Ференц Ѓурчањи. Резултатите покажуваат дека осумдесет насто од гласачите се против плаќањето за секоја посета на доктор или за секој ден минат во болница, како и за воведување плаќање за запишување на факултет. Владата ги предложи овие мерки во обид да го намали дефицитот во унгарскиот буџет, кој инаку е најголем во Европската унија.