Мадрид: Шпанскиот премиер Запатеро им заблагодари на гласачите за довербата

Шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро им заблагодари на оние што на вчерашните избори гласале за неговата Социјалистичка партија. Таа доби над четириесет и четири насто и останува партија со најмногу пратеници во парламентот во кој има триста и пеесет места. Сепак социјалистите не успеаа да добијат и мнозинство од тие места, па ќе бидат принудени да формираат коалиција со некоја помала партија. Опозиционата конзервативна Народна партија доби скоро четириесет насто од гласовите.