Белград: Српскиот претседател Борис Тадиќ потврди дека ќе распише вонредни парламентарни избори

Претседателот на Србија Борис Тадиќ потврди дека ќе распише вонредни парламентарни избори кога ќе ја добие одлуката на владата. Вчера премиерот Воислав Коштуница соопшти дека Владата не функционира и дека во понеделник ке упати образложен предлог до претседателот на Србија да распише вонредни избори за 11 мај. Тадиќ не се согласи со оценката на Коштуница дека има несогласување за Косово, туку дека владата нема единствена став за европските перспективи на Србија. Поголемиот дел од политичките партии во Србија оценија дека најавата за барањето за распишување вонредни парламентарни избори е очекувана и добра.