Скопје: Почнува посетата на бугарска парламентарна делегација на Македонија

Бугарска парламентарна делегација, предводена од претседателот на Народното собрание Георги Пирински, на покана од претседателот на македонскиот Парламент Љубиша Георгиевски, од денеска до 11 март престојува во официјална посета на Македонија. Средбата на бугарската парламентарна делегација со претседателот на Собранието Георгиевски е предвидена за утре во Скопје, кога се очекува делегацијата да биде примена и од претседателот Бранко Црвенковски и од премиерот Никола Груевски.