Москва: Путин не смета дека западните релации со Русија ќе бидат поедноставни со Медведев

Рускиот претседател Владимир Путин на германската канцеларка Ангела Меркел која престојува во Москва и го пренесе неговиот став, дека не смета оти западните релации со Москва ќе бидат поедноставни откако неговиот наследник Дмитриј Медведев ќе ја преземе функцијата во мај. Но тој додаде дека билатералните, еконосмките и политичките релции со Германија се многу добри. Од своја страна германската канцеларка Ангела Меркел повика за отворен и критичен дијлог со Русија. Таа во Москва имаше одвените средби и со Медведев на теми во врска со Иран ,Косово ,снабдувањето со гас во Европа и билатералните односи мегу двете земји.