Москва: Ангела Меркел на средба со Путин и Медведев

Германската канцеларка Ангела Меркел е во еднодневна посета на Москва, на разговори со сегашниот и со новиот претседател на Русија, Владимир Путин и Дмитриј Медведев. Таа најави дека ќе ја изрази загриженоста од начинот на кој се одржаа претседателските избори во Русија пред една недела, иако му ја честиташе победата на Медведев.