Никозија: Кипарскиот претседател ќе се сретне со лидерот на кипарските турци

Новиот претседател на Кипар, Димитрис Христофјас изјави денеска дека кон средината на овој месец ќе се состане со лидерот на кипарските турци Мехмед Али Талат. Состанокот ќе се одржи меѓу 17-ти и 24-ти март, изјави Христофјас, кој вети дека ќе ги покрене од мртва точка преговорите меѓу грќката и турската заедница на поделениот остров.