Приштина: На Косово неможе да делуваат паралелни структури на српската власт, изјави Јоаким Рикер

На Косово и Метохија нема да може да делуваат паралелни структури на српската власт, изјавија претставници на меѓународните институции на Косово. На синоќешниот состанокот за безбедносни прашања, шефот на УНМИК Јоаким Рикер и командантот на КФОР Ксавие де Марнак синоќа соопштија дека мандатот на меѓународното цивилно и воено присуство на Косово ќе се оствари на целата територија на Косово.