Пекинг: Буџетот на кинеската војска годинава ќе биде зголемен за скоро 18%

Буџетот на кинеската војска за оваа година ќе биде зголемен за скоро осумаесет насто во однос на лани, најавено е од кинескиот парламент кој денеска го започна двонеделното заседание. Трошоците за кинеската војска ќе изнесуваат пеесет и седум милијарди долари, а најмногу пари ќе биле употребени за подобрување на условите и на образованието на војниците. Вашингтон вчера предупреди дека Пекинг е нетранспарентен во врска со развојот на војската.