Њујорк: Советот за безбедност на ОН усвои трет пакет санкции против Иран

Советот за безбедност на Обединетите Нации усвои трет пакет санкции против Иран бидејќи таа земја одбила да ги прекине своите нукеларни активности. Резолуцијата во која се изразува желбата за состонок меѓу Техеран и Брисел на кој би се решило спорното прашање, веднаш беше отфрлена од Иран како насилство врз меѓународното право.