Газа: Израел продолжи со воздушните напади врз Појасот Газа

Израел и денеска ги продолжи воздушните напади врз цели во Појасот Газа, при што, како што јавуваат агенциите, биле убиени најмалку 5-мина мититанти на Хамас. Над 100 полестинци загинаа во израелската офанзива, која започна во минатата недела, како одговор на ракетните напади врз израелска територија. Инаку, израелските копнени сили започнале да се повлекуваат северна Газа. Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги суспендира мировните преговори со Израел, во знак на протест на израелската офанзива.