Њујорк/Атина: По неуспешните преговори во Њујорк денеска во посета на Атина Јаап Де Хоп Схефер

Нема приближување на ставовите по викендов оддржаните македонско грчки преговори за името, во Њујорк. Медијаторот Метју Нимиц по дводневните преговори изјави дека јазот помегу двете страни останува и понатаму. Во македонската влада соопштија дека го очекуваат враќањето на преговарачот Никола Димитров за да се запознаат за разговорите водени во Њујорк, по што ќе излезат со став. А денеска во посета на Атина треба да допатува генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Схефер на средби со грчкиот премиер Костас Караманлис и министерот за надворешни работи Дора Бакојани. Схефер викендов во Вашингтон имаше средба со американскиот претседател Џорџ Буш, при што изјави дека прашањето за разликите за името меѓу Македонија и Грција не е во директна врска со членството во Алијансата, но посочи дека се надева оти до претстојниот Самит на НАТО ќе се најде решение.